Koj вели дека старите везови и плетки се бескорисни за младите и урбани девојки? Денес ви претставуваме како со малку креативност и издвоено време, преку допир со ултрамодерните неонски бои, старите милиња можете да ги претворите во шик ланчиња со кои ќе ја збогатите вашата колекција модни аксесоари.
Потребно ви е:
– стар вез (миле)
– боја за текстил (и четкица) или спреј, во неонски тонови
– синџир и додатоци за сврзување
– мини клешта
– ножици
– игла и конец (по потреба)
Начин на изработка:
Од милето исечете ја со ножици формата која најмногу ви се допаѓа. Должината и ширината прилагодете ја на својот вкус и желби. Кај повеќето милиња, тоа може да го постигнете со отсекување на само едно цело парче. Сепак, доколку сакате да создадете нова форма, исечете повеќе поситни делови, па потоа споете ги во нова целина со игла и конец. Нанесете ја посакуваната боја од двете страни, а потоа оставете да се исуши. Со мини клешта (или рачно) поврзете ја плетката за синџирот, и вашето ново ланче е подготвено за носење.
Comments are closed.