Париз, 2020. Заљубен пар, град презаситен со холограми и дигитални уреди. И еден полароид.
Прекрасен и инспиративен краток филм кој ја прикажува денешната култура на “selfie” слики која го уништува моментот. Запрашајте се за кого се сликате и создавате спомени? Како ќе ги зачувате тие спомени засекогаш ако ни сами не сте присутни во сегашноста? Одговорот ќе го најдете ако се оддалечите малку од технологијата и го искусите животот на вистинскиот начин.