Кога станува збор за подароци, секогаш се раководиме од „битно е што има внатре, а не како изгледа од надвор“. Но, делумно ќе се согласиме со оваа констатација бидејќи имаме совршен Направи сам предлог за Вас. Дали има подобар начин некому да се посака среќа со нешто слатко? Следете ги нашите чекори…
Што Ви е потребно?
– сунѓерче
– светки/мини бомбони/слатки трошки
(изборот е Ваш)
– парче лента
– остри ножици
– дупчалка
– лепило
– 2 чепкалки за заби
Тежок чекор: Исечете го сунѓерчето во формата/буквата која сте ја планирале. Направете дупче во еден од аглите. Покријте ја површината од сунѓерот со дебел слој од лепило (тука ќе Ви помогнат чепкалките за заби за да не направите неред од себе).
Забавен чекор: Целото сунѓерче прекријте со го слатки трошки во неколку слоеви!
Здодевен чекор: Оставете да се исуши. Ова може да трае 24 часа. И уште 24 за другата страна на сунѓерчето. Кога ќе завршите со овие три чекори, протнете ја лентата низ дупчето кое го направивте и прикачете го Вашето ремек-дело на подарокот.
Краен ефект: Верувајте дека сите ќе Ви позавидат на креативноста, а добитникот на подарокот ќе биде почестен.