Мачката, која ние денес ја познаваме како наш миленик, е најраспространетиот вид од фамилијата мачки – како дива или домашна ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана е со оние за кои чувствува дека ја сакаат. Согласно одредени истражувања, мачките имаат смирувачко дејство врз човекот. Американската фотографка Lennette Newell има направено цела сесија фотографии посветена на мачките, насловена како „Here Kitty Kitty“. Гушнете си го Вашето маче и погледнете ги фотографиите.