Интересна фото-композиција на фотографот Dave Schreier, каде малечката модерна Црвенката трпеливо чека да отпатува кај својата баба, но не пеш и низ шумата, туку со локалниот воз. Малата патничка го заробува вниманието на Schreier, отскокнувајќи со црвената качулка во монотоното опкружување, како и со своите слатки мали рачиња кои ги држат решетките од прозорецот.