Дизајниран од страна на Virgil Exner Sr, 1960 Plymouth XNR концептот на автомобил е создаден како одговор на огромната популарност на Corvettes на крајот од 50тите години од минатиот век. Можеби изгледот е несекојдневен, па затоа никогаш не излезе во производство; но, сепак – нејзиниот асиметричен дизајн е предмет на восхит и нејзината особеност ја прави евергрин меѓу автомобилите. Последната аукција наменета на оваа црвена убавица се одржа во Монтреј, Калифорнија.