Море, коктели и простор исполнет со книги – ништо друго не Ви е потребно за да бидете среќни. Library Hotel Spa, на островот Koh Samui во Тајланд е луксузно одмаралиште за оние кои не спакувале книги во своите куфери, а тргнале на уживање под сонцето. Агли од кои ечи убавиот збор и убавиот дизајн, импресивен минимализам кој фрла божествен поглед кон плажата – совршен пример за рајско катче на Земјата. Со атмосфера која вдахнува мир и спокојство, со скулптури кои ја надополнуваат визијата, проследени со мирисот на солената водена површина. Инспиративен предлог – нурнете се во уживање!