Нема ништо подрагоцено од мечтата на едно дете. Ентузијазмот со кој го исполнува желбата да го добие она што посакува, не се мери ни со најголемото богатство. Но, дали е за секого и остварлива? ,,Чевел” (,,Shoе’’) e деби-филмот на Qian Shi, кој е куса, но длабоко емотивна сторија за животот во сиромаштија. Спакувана е во четириминутен анимиран филм, а ќе ве одведе во Лондон на почетокот од 20-тиот век. Приказна за еден татко и неговото девојче, за копнежот наспроти неможноста да се оствари. Инспирирана е од вистинит настан, а сведочи за бескрајната љубов на родителот, кој е подготвен на сѐ за да му подари насмевка на своето дете. Погледнете го видеото кое ќе ви побуди бура од емоции.