,,Бакнеж” (,,Тhe Kiss’’) e кус четириминутен филм чии носители се Matt McBrayer, Penny Blackwood Flick и Michael Goldberg. Станува збор за иновативно видео кое е инспирирано од класичните филмски љубовни триаголници и филмот воопшто. Протагонисти се една преубава девојка во паркот и двајца културни џентлмени кои се обидуваат да го освојат нејзиниот прв бакнеж. Ви звучи познато, клише и предвидливо? Вистина, почетокот на приказната и првобитните романтично-комични обиди да стигнат до нејзиното срце се типично филмски и препознатливи. И остатокот од сторијата продолжува во филмски манир, само што драстично го менува жанрот, донесуваjќи изненадување кое не го очекувате. Каков ќе биде епилогот на ,,романтичната’’ битка за бакнеж, останува да дознаете во наредните 4 минути.