Ова е приказна која ќе ви го одземе здивот. Во неа: бебиња мајмунчиња изгубени низ застрашувачките дрвја, вештерка, крокодили, тигар, ,,попотамус’’ и еден лав, како и ,, неверојатно многу лош мамут’’. Покрај тоа, ќе слушнете и за магичните сили и портокаловиот прстен, но и покрај се’ – ,,нешто не е како што треба’’. Нема ништо поубаво од детската имагинација, од тој неверојатно шарен свет полн со оптимизам, чистина и само убави мисли, зар не? Mалата Капучин ќе ви изнуди насмевка на ликот и ќе ви го разведри денот, со својата неверојатно инвентивна, комична, но и мудра приказна раскажана на неодолив француски јазик.