,,Само затвори очи и силно гушни ме, не предавај се, оваа љубов е твој дом.’’
Македонската поп-дива Калиопи премиерно ја претстави својата нова песна на македонски јазик. Композицијата носи назив ,,Мојот дом’’, а судејќи по првичните реакции на слушателите се очекува да стане голем музички хит. Музиката, аранжманот и продукцијата на синглот се дело на Ромео Грил, додека за текстот е заслужна самата Калиопи. Песната доби и свој видео запис, кој е во реализација на екипата на Томато продукција. Уживајте!