,,Мали задоволства” (,,Small pleasures’’) e кус филм сo времетраење од пет минути, дело на грчкиот режисер Constantin Pilavios. Преку суптилен и жив приказ на најубавите, навидум небитни ситници, постепено стигнува до соочување со вистинската суштина на животот. Одеднаш, големата тајна е откриена. Толку емотивна и јасна, што на крајот сѐ добива многу посилна вредност и длабочина. Препознајте ја радоста затскриена зад борбата и потсетете се на малите нешта кои живот значат. Доживејте ја приказната за малите задоволства.