Данското телевизиско шоу ,,Dumt & Farligt”, ја третира глупоста, опасноста, и нескротливата жед на човекот за уништување на монотоната хармонија. Во процесот на создавање на ваквиот видео-проект, тимот користи различни техники и инструменти, за деструкција на објекти и предмети од секојдневието и домаќинството. Креаторите на овој необичен подвиг се обидуваат да го побудат во човекот чувството на ослободување, но и да го прикажат хаосот низ призма на естетиката. Со забавена снимка и со опис на секој акт на уништување, шестминутното видео ќе го задржи вашето внимание со својата лудост и визуелната убавина. Погледнете го, но придржувајте до препораката: не преземajте некој од овие подвизи дома или во било која друга околина!