Доколку уживавте во „Ѓаволот носи Прада“, дефинитивно ќе Ви се допадне и овој наслов на Лорин Вајбергер, истата авторка на „Секој што е некој“ и „Во лов го Хари Винстон“. Доколку барате женска приказна исполнета со препознатливост околу женските обврски, точка на гледиште и сета таа драма околу истото, ова е вистинскиот избор за Вас.
Заборавивме да ја споменеме и пожртвуваноста?
Брук и Џулијан се познат пар на Менхетен, чија врска трае 2 години и брак 5 години – нејзиното работно време како нутриционист ја чини 60 часа неделно, се во насока на поддршка на нејзиниот сопруг, имено талентиран музичар чии соништа допрва ќе се остваруваат. Кога фамозното SONY студио нуди договор за снимање на Џулијан, неговата кариера дефинитвно и вртоглаво оди кон врвот, а со тоа и стресовите околу нивниот заеднички живот рапидно растат. Со макотрпна посветеност и жртва за кариерата на обајцата, Брук се наоѓа во состојба животот да ја изманипулира и да нема кој да ја дочека дома по напорниот ден – се наоѓа во состојба нејзиниот сопруг да биде „машина која продава“, гостин на турнејата на Maroon 5, ѕвезда на The Tonight Show; се, освен нејзин сакан. Приказната се центрира толку околу нејзе, со извесни прикажувања на Џулијан кој практично, не е присутен во сегашноста бидејќи ги искористува своите можности, додека таа се прашува зошто би сакала воопшто да замине од Шато Мармонт? Дали цената на славата се исплати да биде платена на сметка од блискоста? Дали Холивуд е сонот кој двајцата го следеа? Кога ќе почнат гласините да кружат, озборувањата да се множат како мравки во таблоидите, смислата на светата институција брак станува повод за сомнеж кај Брук… и поттик конците да се превземат во свои раце.
Вајсбергер типично ги оживува динамичните дијалози придружени со детални описи на облеката, стилот и трендовите, уживање во светот на познатите исполнет со хумор и забава. Но, дали тоа е доволно? Дали жртвата е доволна за да се поднесе товарот на ненадејната слава? Ноќите кои се навикнаа на сценариото едниот дел од брачната постела да биде празен, дали се и навика на бракот? Овие прашања остануваат на Брук да бидат одговорени.