Во конкуренција на минутите, часовите, деновите, месеците, годините, честопати на секундата се гледа како на екстремно кус период, без можност да се зграбат крупни нешта со сетилата. Сепак, секундната стрелка на часовникот се движи, а секоја измината секунда е можност да се доживее нешто ново, поинакво и впечатливо. Видео проектот ,,Убавината на секундата” (,,The Beauty Of A Second”) претставува компилација на мигови кои се овековечени во интервал од една секунда. Погледнете ги видеата и уживајте во секоја секунда од својот живот.