Убавината е присутна насекаде околу нас. Видлива или затскриена, таа не опкружува во секој агол, секој предмет, секое место. ,,Некаде” (,,Somewhere”) e кусо четириминутно видео за естетиката на светот, кое ги комбинира воодушевувачките пејзажи од природата и вештачките креации создадени од човечката рака. Низ виорот на времето, преку паралела ден-ноќ, а со сцени од природната и механичката динамика, Мiadox имаат создадено прекрасно визуелно искуство, кое треба да ги разбуди вашите сетила за убавото. Бидејќи убавината е некаде и секаде. Погледнете.