Париз, Лондон, Барселона, Лос Анџелес, Сиднеј, Пекинг и Ванкувер – седум светски градови спакувани во исто толку убави и едукативни видео разгледници. EF International Language Centers во соработка со режисерот Gustav Johansson, создадоа седум креативни видеа за љубопитните трагачи по нови искуства. Основна цел им е да им ги доближат странските јазици и културата на живеењето во овие градови на сите вљубеници во патувањата. Преку двеминутни видео прошетки до секој од нив, ќе се запознаете со најубавите сцени и ритамот во кој пулсираат метрополите, а ќе имате можност и да научите некој странски збор повеќе. Уживајте!