Три години откако Мајк се откажа од животот со стриптиз во врвот на својата кариера, тој и останатите Кралеви на Тампа тргаат на пат до Миртал Бич за да го изведат својот последен голем перформанс.
Пред нас е продолжението на „Магичниот Мајк ХХL“ и ни носи жешки танци, згодни момци и неодоливи девојки. Филмот, во режија на Грегориј Џејкобс, ја следи екипата на нејзиниот последен настап, каде што сакаат на свој начин се збогуваат со публиката. На тој пат, тие ќе запознаат нови пријатели, ќе научат некои нови потези, но ќе се сретнат и со стари познаници. Крајната цел на патувањето е да нивниот последен настап биде токму онаков каков што тие го имаат замислено – незаборавен и страстен.
Поминаа три години откако Мајк го напушти животот на згоден стрипер. И остатокот од екипата е подготвен да го направи истото, но сакаат да го направат тоа на незаборавен начин: незаборавен последен настап во Миртал Бич во друштво на легендарниот Магичен Мајк. По патот застануваат во Џексонвил и Савана, за да обноват некои застарени пријателства и да создадат нови. Мајк и момците ќе совладаат некои нови чекори и ќе се збогуваат со минатото на многу изненадувачки начин.
За Мајк никогаш не беа важни парите, жените, забавите и славата. Танцувањето е негова страст, а момците кои ги напушти се неговите најдобри пријатели. Ченинг Тејтум вели: „Во првиот филм се работеше за неговото противење со тој начин на живот, бидејќи се плашеше дека тоа го спречува во сознанието дека може да постигне многу повеќе. Сега кога гледа наназад, ги забележува добрите страни и како тие заедно добро се забавувале. Ништо не било совршено, но ништо и не е, а момците му се особено драги. Мајк напорно работеше три години и сега чувствува дека му треба старата страст.“
Филмот е чиста фикција, но некои делови се инспирирани токму од личното искуство на Тејтум, во периодот кога тој бил танчер. Актерите ја поздравуваат идејата за ова продолжение: „Немаше ниту еден досаден момент“, изјавува Џо Манганило кој во првиот дел е познат како Биг Ричи, додека остатокот од екипата ја сочинуваат Мет Бомер како совршениот Кен, Адам Родригез како латино сензацијата Тито, Кевин Наш како Тарзан и Габриел Иглезиас како МЦ, Тобијас. Режисерот Грегори Џејкоб додава: „Ова е патувањето на Мајк, но и на сите нив. Поминавме многу време спојувајќи ја приказната со ликовите и посветивме внимание на фините детали при карактеризирање на ликовите, така да секој си доби прилика да се покаже и да блесне.“
Премиерното прикажување на „Магичниот Мајк XXL’’ пред македонската публика беше на 09.07.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.