И конечно ја дочекавме пролетта. Пролетта е доба кога секогаш одново ја спознаваме убавината на овој свет. Таа е симбол за надеж, сила, енергија и љубов. Таа е инспирација и мотив сама по себе. Во пресрет на календарското пристигнување на пролетта, ви претставуваме прекрасни пролетни фотографии, кои ќе направат да се почувствувате живи и радосни што сте дел од оваа планета. Кој може да остане рамнодушен кон раззеленетата природа, расцутените дрвја, птиците и детските игри? Посакајте и топло добредојде на пролетта во вашиот живот. Здраво, Пролет!