Мињоните Стјуард, Кевин и Боб се регрутирани од супер-злобничката Скарлет Оверкил и нејзиниот сопруг Херб, кои што коваат заговор за да го освојат светот.
Тие се на мисија да го пронајдат најголемиот подлец! По неверојатниот успех на анимираниот филм „Подлиот Јас“ и „Подлиот Јас 2“, постоеше глобален апетит за повеќе приказни од светот на слатките жолти суштества „Мињони“ кои ги креираше Илуминејшн Ентертејмент. Основачот и директор на компанијата, Крис Меледандри ја коментира својата одлука за продолжението на приказната: „Ние не одлучивме да им дадеме свој филм на Мињоните, тие едноставно тоа го бараа. Кога го завршивме „Подлиот Јас 2“ екипата од стотина најнадарени луѓе кои некогаш сум ги запознал не можеше да престане да си игра со анимациите на тие мали ликови. Тие не се неодоливи поради изгледот, туку и поради контрадикторноста на желбата да бидат подли и исконската природа која ги создала да бидат предобри. Сите ги имаме тие две страни.“
Приказната за Мињоните започнува многу одамна. Започнувајќи како едноклеточен жолт организам, Мињоните еволуирале преку годините, постојано служејќи им на големите злобни господари. Не успевајќи да ги задржат своите господари – од Т-Рекс па до времето на Наполеон, Мињоните се пронаоѓаат во ситуација да не можат да служат никому, па тие запаѓаат во депресија. Но Кевин има план, и заедно со неговите млади бунтовници Стјуард и симпатичниот Боб, тргнуваат во авантура низ светот за да го пронајдат нивниот нов злобен господар. Триото на своето патување се запознава со нивниот потенцијален господар, Скарлет Оверкил (Сандра Булок), првата светски-позната злобница. Тие патуваат од ледениот Антарктик до Њујорк во 1960-та година, завршувајќи до модерниот Лондон, каде што ќе мора да се соочат со најголемиот предизвик: спасување на целиот вид Мињони…од истребување.
Дел од екипата е и Брајан Линч, кој со Меледандри работел на неколку проекти претходно, во студиото на 20th Century Fox, Blue Sky Studios. Линч објаснува зошто го прифатил овој предизвик: „Во секој од нас лежи по некој мињон. Луѓето се љубопитни од каде тие потекнуваат и сфативме дека би било забавно го истражиме тоа и на гледачите да им дадеме одговор.“„Истовремено беше малку застрашувачки постојано во главата да ги слушаш гласовите на мињоните, но во овој случај тоа беше и од помош“, се смее Линч.
Создавањето на дијалог на малите ликови не било лесна задача и било дури и потешко од создавањето на приказната. „Најтешко е што нашите три главни ликови не зборат англиски, но Пјер одлично ни пренесе што сакаат да кажат.“ Линч ги објаснува и карактерите: „Иако постојано се шегуваат меѓусебно, тие се и взаемна поддршка. Кевин е големиот брат и без него тие одамна ќе исчезнеа. Стјуард е бунтовник и нему забавата му е пред се’, додека Боб е некако најдетинест и се’ што ќе му се најде на патот многу лесно му одвлекува внимание. Тие делат братска љубов и тука се еден за друг.“
Премиерното прикажување на „Мињони’’ пред македонската публика беше на 09.07.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.