Од сите детали кои беа претставени за оваа сезона, најголемо внимание привлекоа капи, фантомки, московски капи, шапки, каубојски капи, па се до федора…
![](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/10/сссссс.jpg)
Покривањето на главата или поточно украсувањето со капи и додатоци, отсекогаш било симбол на моќ и авторитет. Во древниот Египет, само фараонот можел да носи детали за покривање на главата со нагласени димензии, над која се носела круната. Сите други класи носеле перики, направени од растителни влакна, додека робовите биле единствените лишени од коса и детали, бидејќи имале избричени глави. Колку една личност е побогата и колку има повисок статус, толку му била поголема периката. Во античка Грција украсувањето на главата не било практика, додека во средниот век тоа станало случај, со цел подобро да се изрази припадноста на одредена класа.
Мажите и жените се украсувале со додатоци за глава изработени од пердуви, со крзно и парчиња накит. Во 14 век е претставена креација наречена генин, а се работи за капа во форма на конус висока и до шеесет сантиметри, од која е пуштен вел. Од исток дојдена е модата на носење турбани, кои ги носеле и мажите и жените. Првично ги носеле Персијците, кои ги рашириле низ арапскиот свет. Во 17 и 18 век, тие исчезнале од модата за да се вратат на големите врати за време на војната на Наполеон во Египет и за време на Втората светска војна.
Кога завршија ревиите во Париз и со тоа завршија презентациите на колекциите есен/зима, еден од највпечатливите трендови што можевме да ги забележиме во колекциите беше употребата на шапки, капи и други додатоци за украсување на главата.