“H&M Studio креира едноставни решенија за облека – безвременски, повеќенаменски парчиња кои ве пренесат од работниот ден до вечерното излегување, помагајќи ви да се чувствувате дотерано, но и опуштено. Оваа сезона комбинира впечатливи парчиња кои се предмет на желба, преработени класици кои ќе ги носите од година во година, а потоа и модни додатоци кои на секоја облека и даваат кул изглед“, Ен-Софи Јохансон, креативен консултант и шеф за дизајн на женската облека во H&M.
„За есента, дизајнерскиот тим беше инспириран од силниот, но сепак опуштен стил на џез музичарите, кои лежерно ја нафрлуваат својата облека и се уптауваат кон сцената, а потоа доцна продолжуваат во ноќта. Како и секогаш со H&M Studio, фокусот е на комбинацијата на машки крој и женствена облека. Измешавме класици во свежи, возбудливи комбинации за модерна инспирација“, Линда Викел, дизајнерка во H&M.