Заборавете на clean girl естетика затоа што во мода е mob wife стил!
Ова е реченица која во последните неколку дена ја слушнавме безброј пати. До пред неколку недели, тренд беше чистата естетика за девојки, која вклучуваше минимална шминка, едноставни фризури, беж маникир и тивок луксузен моден стил.
Но, деновиве трендот е сосема спротивен, бидејќи сите се опседнати со естетиката на (mob wife) мафијашка сопруга. Естетиката на mob wife всушност е моделирана по стилот на жените на мафијашите, каде што се е претерано.
Фризури со преголем волумен, долги црвени нокти, силна шминка со нагласени очи и црвен кармин, се дел од mob wife естетиката.
Кога станува збор за mob wife естетската, акцентот дефинитивно е на бундите. Крзнените палта се оската околу која се врти секоја облека на мафијашката сопруга. Исто така, принтот од леопард е многу популарен кога станува збор за естетиката на мафијашката жена. Не заборавајте и на тантелата бидејќи таа е еден од заштитните материјали кога е во прашање естетиката на жената на мафијашот.
Што се однесува до накитот, стилот на mob wife подразбира впечатливи и големи парчиња, особено златни. Така да сега се носат густи златни синџири, големи златни обетки и впечатлив златен прстен.
Секако, сето ова ќе го сфатиме како еден моден забавен тренд :)