Костените се совршена есенска храна, а еве зошто
Есента пристигна. И покрај екстремно долгото лето, есента сепак почна да се чувствува во воздухот. Студените ноќи, паднатите лисја и мирисот на печените костени во воздухот ни даваат впечаток на есен. Попатно, преферираме да се шетаме и да купуваме печени костени.
Но, костените можете да ги подготвите на разни други начини, од варени и печени костени до десерти и кремасти супи. Во продолжение ви ги пренесуваме сите благодети кои оваа есенска храна ги има врз вашето здравје.
1. Костенот е храна која ја поттикнува работата на дебелото црево бидејќи содржи многу влакна.
2. Иако ја стимулираат работата на цревата, костените не се добра храна доколку сакате да ослабете. Костенот има висока енергетска вредност, па затоа е одлична храна доколку ви треба дополнителна енергија или освежување.
3. Ако ви пречи глутенот, тогаш костенот е идеална храна за вас. Костенот не содржи глутен, затоа е многу популарна храна во безглутенската исхрана.
4. Костените се богати со витаминот Ц, пресуден за силен имунитет, а кој ни е потребен во есенските и зимските денови.
5. Со оглед на тоа што се богати со калиум и во исто време ниски со натриум, костените се одлична храна за луѓето со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања.