Народните поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се она што нè опкружува.
- Додека цути липата, преполна е со пчели.
- Слогата во семејството е најголема среќа.
- Одбрани ме, Боже, од лудите пријатели, а од непријателите сам ќе се одбранам.
- Жив човек сè ќе направи.
- И кога ќе се излечи раната се познава белегот.
- Кој бара пријател без маана, ќе остане без него.
- Сè во свое време.
- Додека човекот е здрав, и водата му е слатка.
- Весело срце – половина здравје.
- Ѕидот го урива влагата, а човекот грижата.
- Здравиот на болниот не му верува.
- Оцетот најмногу го гризе своето буре.
- Секоја кашлица не доаѓа од студот.
- Здравите заби се белег на длабока старост.
- Кашлицата и сиромаштијата не можат да се сокријат.
- Нема полоша болест од гладот.
- Жени го синот кога сакаш, а ќерката мажи ја кога можеш.
- Од првата среќа не се бега!
- Жената ќе ја сочува само онаа тајна која не ја знае.
- Добрината со добрина се плаќа (враќа).
- Пријателите се познаваат во невоља, како златото во огнот.
- Добрите пријатели и од браќата се помили.
- Додека не заплачи детето, мајка му не му дава млеко.
- Дури не посеиш, нема што да жнииш.
- Дури не фрлиш рипче, не фаќаш крапче.
- Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.
- Дури човек е жив, се е пари.
- Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.
- Залудно работи, залудно не седи.
- Збирај на младост, да имаш на старост.
- Здравјето за човекот е најголемото богатство.
- Јазикот е поостар и од сабјата.
- Јазикот прави добро, јазикот прави и лошо.
- Страв, лозје чува.
- Трипати мери еднаш крој
- Убавиот збор и железни порти отвора.
- Каков што е таткото, таков е и синот.
- Кој со ѓаолот, тикви сади, ѓаолот на крај очите му ги вади
- Крушата под круша паѓа.
- Лозје не бара молитва, туку мотика.
- Без мака нема наука.
- Вистинското пријателство е најретката птица на земјатa.
- Она што не го сакаш за себе, не го мисли на друг.
- Секоја страна на тревата има своја капка роса.
- Кој сее добрина – жнее добрина.