
Еден таков фустан со години е многу популарен, а го носат многу познати дами како на пр Кендал Џенер, Оливија Кулпо, Емили Ратајковски…
Имено, станува збор за фустанот Bahia на брендот Jacquemus, кој е совршен летен фустан налик на кошула.
Фустанот Bahia со години е дел од стандардната колекција на Jacquemus. Единственото нешто што се променило со текот на годините се боите во кои можете да го најдете фустанот Bahia и материјалите од кои е направен овој фустан.
Веројатно најпозната и најпродавана боја е бледо белата, што не е чудно ако се земе предвид дека во лето белата е нашата омилена боја за носење.