Розево од глава до пети: Марго Роби е Барби и во реалниот живот
Дури и да не беше објавено во медиумите дека започна светската промоција на филмот Барби, тоа можевме да го погодиме од тоалетите на главната актерка Марго Роби, кои последните неколку дена беа само во една боја – розова.
Марго вчера долета во Австралија од Америка, а долгиот лет не ја спречи да изгледа шик на аеродромот во Сиднеј – таа беше облечена од глава до пети во Шанел.
Облечена во нежно розов блејзер од твид, бел горен дел кој го усогласи со бели пруги на сакото, панталони во сива боја, црно-беж сандали кои ги усогласи со чантата и црн ремен и тоа што беше највозбудливо во стајлингот – розови куфери. Фактот што ја придружуваше нејзиниот сопруг, британскиот продуцент Том Акерли, кој во знак на поддршка носеше розова капа со принт на Барби, целиот барбикор момент го направи уште поубав.
Марго штотуку започна со прес-промоцијата на најновиот филм, продукција во режија на Грета Гервиг, чија светска премиера е закажана за 21 јули. Јасно е дека таа е особено возбудена поради доаѓањето во Австралија, земјата во која е родена, но не помалку се забавува и во Америка – погледнете како го пресоздаде изгледот на познатата кукла на американската прес-конференција на сликата подолу.
Без разлика дали тоа е благодарение на филмот на Грета, за кој во последно време многу се пишува, или едноставно е прашање на духот на времето, барбикорот стана еден од најпопуларните можни трендови во светот, толку многу што дури и војвотката Кејт Мидлтон , која вчера беше фотографирана во розова верзија, не можеше да му одолее – отворањето на музејот Young Victoria & Albert во Лондон.