Само што пристигнаа првите две епизоди од втората сезона на серијата …
Сексот и градот е една од оние култни серии кои ретко кој не ги гледал. Некои ги гледавме повеќе од еднаш, а можевме да ги гледаме повторно и повторно. Иако снимањето на Сексот и градот заврши одамна, оваа култна серија го доби своето продолжение во форма на два филма, како и серијалот “And Just Like That”, чија нова сезона излезе деновиве.
Можете да ги гледате првите две епизоди од втората сезона на серијата на HBO Max. Гласините за заплетот и настаните во серијата беа постојани во текот на целото снимање. Неодамна се појави веста дека Саманта се враќа во животот на Кери, Миранда и Шарлот, а уште побомбастичната вест беше дека Ејдан повторно ќе го освои срцето на Кери.
Иако заплетот на првите две епизоди не е толку напнат, веруваме дека новите епизоди ќе донесат повеќе возбуда и интриги, пред се затоа што сите го очекуваат враќањето на Ејдан и Саманта, кои веруваме дека ќе бидат навистина бомбастични.