Во рамките на манифестацијата “Скопско лето” во понеделник 26.06.2023 година со почеток во 20.30 часот во Националната Галерија Чифте Амам, ќе имаме можност да ја видиме новата изложба на нашиот реномиран уметник Михаил Корубин.
Изожбата наречена “Визуелна Артикулација” содржи нови дела на Михаил Корубин, артокени и слики кои пулсираат различно, а сепак се испреплетени, градејќи еден сензуален простор на можности. Плетенка на мистичното и концептуалното.
Михаил гради еден психолошки набиен сензуален простор создавајќи едно преубаво визуелно доживување.
Се забележува криптичност и мистериозност во сите слики.
Вистинско доживување за љубителите на уметноста.