Иако можат да се носат постојано, особено затоа што имаат способност да ни го кренат расположението, светлите бои се совршен стилски сојузник во летната сезона. Ефективните фустани во жолта, зелена, портокалова совршено се вклопуваат со исончаниот тен, но доколку имате посмирен сензибилитет и сакате нежни бои или неутрални бои како црна и бела, обидете се да го „кренете“ вашиот моден изглед со некои додатоци. Дамите кои избираат поедноставна облека обично носат необични чевли, а ние ви предлагаме со секој летен аутфит да ја истакнете вашата торба.
Во продолжение уживајте во прекрасниот моден едиторијал, во кој главни ѕвезди се луксузните чанти, па визуелизирајте си барем една убавица, за ова лето.
Weekend Max Mara
Sportmax
Liebeskind
Louis Vuitton
Longchamp
Prada