ФитКит, првата фитнес мобилна апликација во Северна Македонија во соработка со платежната компанија Visa, започнува кампања за промоција на активниот начин на живот.
Кампањата во фокус ги става позитивните ефекти од вежбањето со ФитКит апликацијата, со што што овозможува не само бројни придобивки за физичкото и менталното здравје, туку и придонесува за заштеда со секоја купена претплата. Сите ФитКит корисници што ќе купат претплата М или L со картичките Visa Gold или Visa Platinum, ќе добијат 500 денари попуст на претплатата.
Промотивната понуда стартуваше во Мај 2023 година и ќе трае заклучно до крајот на Септември 2023 година.
Од тимот на ФитКит велат дека платежната компанија Visa, го препозна потенцијалот на ФитКит апликацијата, како брзо решение да вежбаш или уживаш каде и кога ќе посакаш, во најдобрите фитнес и спа центри во државата, или пак од комфорот на својот дом.
-Добивме предлог од претставништвото на Visa во Северна Македонија за средба на која што требаше да ги запознаеме со нашиот бизнис модел. Од компанијата го препознаа потенцијалот на Фиткит и набрзо по таа прва средба почнавме да разгледуваме модели на соработка. После 6 месеци, ова стана реалност и вистинска додадена вредност за вежбачите и корисниците на Visa Platinum и Visa Gold картичките.
Покрај бројните придобивки, соработката со Visa ќе биде уште еден поттик за сегашните и идни ФитКит корисници да се охрабрат да водат физички активен и здрав начин на живот, а притоа и да заштедат.