Собата за преклопување има приклучоци за струја и вода, изработена е од миризливо дрво чемпрес и е изградена со стаклени врати за максимално искористување на природната светлина.
Наречена е IWI Cabin, која е дизајнирана да може да се смести во дворот или на терасата. Ja измислиле двајца архитекти од Еквадор, Хуан Руиз и Амелија Тапија, кои веќе започнале со производство во рамките на нивната компанија Jag Design.
– Просторот може да се прошири или да се компресира, во зависност од потребите на корисникот. Кога е компресирана, се однесува како парче мебел или полица. Кога ќе се прошири, станува простор за живеење што содржи се што е потребно за исполнување на различни функции, како што се канцеларија, студио за јога, простор за релаксација, работилница, сала за состаноци, гостинска соба – вели Jag Design, истакнувајќи дека сè е направено според стандардите што ja штитат животната средина.
Погледнете како тоа изгледа во галеријата