Белата е дефинитивно бојата на летото. Совршените летни комбинации се токму во белата боја. Кога мислиме на летото, мислиме на бели ленени кошули, долги бели фустани или бели костуми.
И Mango знае дека белата боја е заштитен знак на летото, па затоа дизајнираше колекција наречена White Summer.
Овде можете да ја погледнете дел од колекцијата, а ние за вас ги одбравме најубавите парчиња во бела боја, во кои ќе го поминеме најголемиот дел од летото.