Како да направите здрави пецива со брашно од спелта?
(Оваа супер здрава скапоцена житарка е многу постар вид од пченицата, а денеска се одгледува без примена на пестициди или некакви генетски модификации.
Во минатото од неа се правел леб и таа била сметана за основна животна намирница. Растела во Југозападна Азија, а потоа се проширила и низ целиот свет.
Била потисната од пченицата затоа што пченицата била поефтина и полесна за обработка.)
Бидејќи летото е зад аголот, повеќето од нас почнаа да обрнуваат внимание на линијата. Слабеењето е во полн ек. Еден од најголемите непријатели на добрата линија е лебот. “Лебот поправа” е реченицата која сме ја слушнале безброј пати. А ако навистина сакате да ослабете, треба да внимавате на внесот на леб, но за ваша и наша среќа, најдовме рецепт за леб или колачи во кои можете да уживате без грижа на совест.
Како да направите здрави колачи со брашно од спелта?
Рецепт за нискокалорични колачи
– 3 супени лажици брашно од спелта
– 150 грама грчки јогурт
– сол
– семиња по ваш избор
Во садот додајте го брашното од спелта како и грчкиот јогурт. Додадете сол. Сè убаво измешајте и месете додека не се соедини. Врз пецивата можете да ставите семки по избор, на пример сусам, лен, чиа… Ставете ги во загреана рерна на 180 степени, и печете ги 15 до 20 минути.