Новиот индиски културен центар, Nita Mukesh Ambani Cultural Centre (NMACC), беше отворен во неделата во Мумбаи, со гости од А-листата од целиот свет.
На настанот беше прикажана и изложба за важноста на индискиот текстил и традиционалните стилови во глобалната модна индустрија.
Зендаја, Пенелопе Круз, Џиџи Хадид, се само дел од имињата кои се појавија на црвениот тепих на церемонијата на NMACC, апсолутно блескави во традиционалните сарија, на кои дизајнерите се обидоа да им дадат модерен пресврт.
Додека Џиџи ја прославуваше индиската култура во прекрасна златна тоалета на Абу Џани Сандип Хосла, Зендаја го освои црвениот тепих уште еднаш во прекрасниот сари со едно рамо од Рахул Мишра, во кој секој милиметар беше совршено изработен.
Погледнете ја галеријата за да видите како изгледаа другите гости.