Еве зошто постојано сте гладни …
Правилната исхрана и здравите навики во исхраната се клучен фактор не само за добра фигура и добар изглед, туку и за здравјето.
Здравјето во голема мера зависи од нашите навики во исхраната и од храната што ја внесуваме во нашето тело.
Гладот е сосема нормална појава, но ако е многу честа веројатно нешто не е во ред. Во продолжение ви откриваме четири причини зошто сте постојано гладни.
1. Пребрзо јадете
Ако јадете премногу брзо, вашиот мозок не може да сфати што сте јаделе и дека всушност сте сити.
2. Често јадете грицки
Грицките немаат хранлива вредност, па не можат ни да ве заситат.
3. Недостаток на сон
Спиењето е клучен елемент за регулирање на апетитот, доколку имате нарушен сон голема е веројатноста дека почесто ќе бидете гладни.
4. Пиете премалку вода
Недостатокот на вода во телото понекогаш може да резултира со глад.