Карго панталоните Attico се врвен хит

Минатата година големо враќање направија карго панталоните и оттогаш се најпосакуваното парче облека. Нема да бидат помалку популарни ниту оваа модна сезона, бидејќи карго панталоните се хит во сите бои и форми.

Во морето карго панталони кои можете да ги најдете на пазарот, дефинитивно се издвојува еден модел бидејќи апсолутно секој сака да ги има во својот плакар.

Карго панталоните Attico ги имаат сите влијателни инфлуенсерки и познавачи на  модата, па затоа не е чудно што се распродадени апсолутно насекаде.

Моделот на карго панталони Attico е многу кул и предимензиониран. А како што е и карактеристично за карго панталоните, тие се украсени со бројни џебови.

НЕМА КОМЕНТАРИ