5 трендови кои ги најави Vogue за оваа пролет
Иако зимата сè уште трае, многу брзо ќе дојде пролетта, на која неизмерно се радуваме. Потопло време, подолги денови и повеќе сонце се сè што ни треба.
Со доаѓањето на пролетта нашата гардероба многу се менува. Тешките алишта како јакни со пердуви, капути и пуловери одат во заборав, а на сцената се појавуваат фустани, шорцеви и кожени јакни.
Вог пред некој ден ги објави трендовите кои ќе преовладуваат во пролетта 2023 година, а во продолжение ви ги откриваме.
1. Карго панталони
Карго панталоните се уште се голем тренд сега, а такви ќе останат и на пролет.
2. Металик златна
Иако досега преовладуваше трендот на металик сребребрена, на пролет повеќе ќе ја гледаме металик златната нијанса како на чантите и чевлите, така и на панталоните, топовите и фустаните.
3. Цветови
Цветовите, особено во 3Д формат, ќе бидат голем тренд како декорација на фустани, блузи или во форма на ѓердани и брошеви.
4. Бебешка сина боја
Бебешката сина боја ќе биде хит боја на пролетта.
5. Неон
Според Vogue, неонските бои се враќаат на големо оваа пролет.