Оваа боја ќе биде хит во 2023 година
Новата година значи нови почетоци и позитивни промени и напредок. Токму така, таа носи нови трендови и во модниот свет. На почетокот на секоја нова година дознаваме што ќе носиме во наредната година.
Минатата година или 2022 година беше резервирана за светло розовата боја која ја прослави модниот бренд Valentino. Но, во наредните години можете да заборавите на розовата боја бидејќи друга боја ќе биде апсолутен хит.
Имено, во 2023 година ќе ја обожуваме париско сината или Денвер сината нјанса. Ќе ја гледаме секаде и на се. Од фустани и панталони до чанти и чевли.