Сезоната на скијање е во полн ек и покрај топлото време, високите температури и недостатокот на снег.
Но, снег има во веројатно најлуксузниот ски-центар во светот Courchevel , а од овој викенд се очекува снег и кај нас.
Дизајнерот Marco Simonetti ја конципирал својата ски колекција, односно соработката помеѓу Jacquemus и Nike токму во Courchevel. Во колекцијата можете да најдете ранци, спортски чанти, очила за скијање, часовници, ѓердани, јакни, но и многу други работи кои се дел од оваа зимска колекција.
Единствениот недостаток на оваа соработка со Jacquemus x Nike е тоа што не постои во физичка форма. Засега колекцијата постои само во виртуелна форма, а во иднина би требало да може да се купи во поп-ап продавница во Courchevel.