Ноктите се многу важни, тие откриваат колку сте уредни и колку се грижите за себе. Неуредните нокти се апсолутно неприфатливи и за мажите и за жените.
Трендовите во светот на ноктите се подложни на промена, но она што останува константно се уредните и чисти нокти. Но, моменталниот тренд во светот на ноктите е италијанскиот маникир. Погоден е за сите оние чии нокти се кратки и упорно не сакаат да растат или постојано се “листат”.
Италијанскиот маникир подразбира уредно и убаво нанесен лак, кој визуелно го издолжува ноктот, што всушност е целта на италијанскиот маникир. Работата е во тоа што најпрво ја кревате кутикулата колку што е можно повеќе, а со четката за лак доближете се колку што можете до кутикулата или кожата околу ноктот, но без да ја допирате. Едноставно потребно е лакот да го нанесете за да оставите простор помеѓу кожата и лакот од страна.