Писателката, инфлуенсерка и телевизиска водителка Камил Шариер е позната во светот како една од најдобро облечени жени, а пред неколку дена излезе нејзината колекција која ја дизајнираше за многу популарниот бренд Mango.
(Камил Шариер е една од водечките блогери и инфлуенсерки во модната индустрија, поради тоа таа соработува со брендови како Chloé, Mango, H&M, Tommy Hilfiger и Harrods)
Камил ја дизајнираше колекцијата токму за периодот што претстои, односно празничната сезона, која изобилува со забави и новогодишни свечености.