Разговорот со г-ѓа Мимоза Ван Дер Стеене може да трае со часови, слободно можеме да кажеме и со денови кога станува збор за страста и љубовта кон модата и стилот, како начин на живеење.

По 30 години поминати во Холандија, таа го прифатила влијанието на тамошните модни ритуали, култура, работа и начин на комуникација. Воедно, мораме да споменеме дека нејзиниот сопруг Лусиен е од Ротердам, а имаат и прекрасен син Лориан. (Мимоза и Лусиен работат заедно за повеќе светски брендови)

Во Скопје, како и надвор од него, таа стана позната дама по брендот Casa Gracian, најубавите колекции на женски и машки кошули со амблеми, мноштво предмети за уредување на домот, ламби, столици, свеќници, накит и прекрасни материјали. Скопјани одлично паметат дека претставуваше престиж да се купи и поседува било кое парче од тој прекрасен бутик.

Но денеска, темата ни е нејзината зимска креативна и оригинална колекција за 2022 година.

МИМОЗА: При креирањето на моделите најважни ми се формата и материјалот, Употребувам најфини материјали: волна, свила, тантела и кашмир, увезени од Италија, Холандија, Франција и Јапонија. Сакам моите креации да ги спојува префинетост, достоинство, отменост, фин вкус, углед и авторитет. Кардиганите и здолништата се “one size”, но одговараат на 3 величини. Кошулите одат во серијска големина од бр.36 до 46. Наменети се за сите жени кои сакаат да изгледаат “classic and classy”.

Новогодишните и Божиќните празници се зад аголот, затоа ви советуваме доколку сеуште размислувате како уникатно да се облечете и дотерате, посетете го бутикот Casa Gracian кој се наоѓа на улица Партизански Одреди бр.155 локал 16 Порта Влае.

Продажбата се одвива по принцип на предходно закажување на време преку неделата на тел 070 598 299.

Во саботите е отворено од 11часот до 14 часот.

Празници се ближат!!!

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрадиционален концерт по повод празникот „Василица“ ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ
Следна објаваПридобивки од санкањето за деца и возрасни
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ