МОДЕЛИ НА ПАТИКИ КОИ ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖАТ 2023 ГОДИНА: На доминацијата на ретро естетиката не и се гледа крајот
Судејќи според изданијата од модните писти, улиците и Инстаграм, следната година ќе преовладуваат неколку трендови со патики.
Особено сме задоволни од дуелот помеѓу ретро и футуристичката естетика, додека практичните модели ќе бидат поатрактивни од кога било досега.
Retrocore
Ако има еден модел на патики што сме сигурни дека трендсетерките ќе го носат следната година, тоа е Adidas Samba. Можеби изгледа како да го гледате токму овој модел низ целиот ваш Инстаграм. Имајќи го тоа на ум, Loewe на Модната недела претстави пар патики во стилот на 70-тите, кои убаво се вклопуваат со привлечна естетика која не покажува знаци на назадување.
Брендот на патики што ја одбележа 2022 година е дефинитивно New Balance. Додека се движиме низ социјалните мрежи и ја чекаме 2023 година, јасно е дека постои еден модел на патики што го сака модниот свет – New Balance 550.
“Dad’s” sneakers
Т.н. Патиките на „тато“ постојано еволуираат. Тие најпрво дојдоа во форма на патики за трчање, а потоа еволуираа во кошаркарски чевли во стилот на 80-тите како гореспоменатите New Balance 550.
Сепак, во моментов се популарани патиките за планинарење. Имено, планинарската естетика е следниот голем тренд во светот на патиките на “тато”, при што брендовите како Salomon од минута во минута стануваат се попопуларни.
4. Back to the future
Можеби тоа е влијанието на Metaverse, но модата од минута во минута станува се пофутуристичка. Сребрените модели инспирирани од вселената доминираа на модните недели пролет/лето 2023 година.
Nike Air Force
Тренд на патики што е невозможно да се игнорира во последните сезони е Nike Air Force 1. Дефинитивно не е најхрабриот тренд за 2023 година, но секако е најсестран и најпривлечен бидејќи оди со секој стил и комбинација.