МОМЕНТАЛНО, ОВИЕ 5 ЗИМСКИ ФУСТАНИ ГИ НОСИ СЕКОЈА ЖЕНА СО СТИЛ: Инспирирајте се од моделите кои се на радарот на познатите брендови
Подгответе се за постудените денови со додавање на еден од 5-те зимски фустани од списокот што треба да го имате за есен/зима 2023 подолу …
Секојдневното планирање на модниот стил оваа есен може да не остави малку збунети кога размислуваме за облеката и времето. Ова е една од причините зошто сакаме да ги поедноставиме секојдневните комбинации, а се чини дека во оваа трка на модни парчиња фустаните имаат предност.
Можеме ли сеуште да ги носиме? Како да ги комбинирате? И што е најважно, кои модели навистина изгледаат добро со хулахопки?
Со помош на советите подолу, можете да најдете фустани кои ќе направат да се чувствувате шик и пријатно за време на студените денови кои претстојат.
1. Плетени фустани
Ребрастото плетиво е секогаш сигурен избор. Имено, без разлика за кој предмет на облека, фино плетениот материјал секогаш изгледа елегантно и лежерно. И сето тоа без многу труд, бидејќи самата структура на овој материјал е кул детал кој го разубавува секој моден стил.
2. Кожни фустани
Секој пат кога сакате да оставите моќен впечаток – било да е тоа деловен состанок или приватен состанок, изберете кожен фустан – класика за сите времиња.
3. Долги ракави + фустан со мини должина
Краток мини фустан и гломазни чизми се дуо од соништата – изгледа толку удобно и шик во исто време. Префрлете кожна јакна над фустанот и излезете со стил што сите ќе го забележат.
4. Плишани фустани
За разлика од претходните зимски сезони, плишаните фустани се едноставно задолжителен елемент во гардеробата оваа година. За новата популарност на плишот, многумина „виновникот“ го гледаат во тоа што модната сцена повторно ја нагласи желбата за дотерување, а доказ за тоа се колекциите за сезоната на празнични забави, во кои доминира овој луксузен изглед.
5. Фустани со висока јака
Овие модели на фустани во есен се носат и за секојдневни пригоди и за вечерни настани, а на вас е да го изберете дезенот кој најдобро го отсликува вашиот стил.