Balenciaga и Adidas, два многу познати модни брендови, направија соработка, иако ова не е прва соработка на овие два многу популарни брендови, но, можеме да кажеме дека оваа соработка не воодушеви.
Заштитно лице на новата колекција е многу популарната манекенка и трендсетерка Бела Хадид.
Оваа соработка изобилува со многу кул парчиња, но најмногу импресионираа патиките по кои веројатно се најпознати овие два бренда.
Меѓу другото во колекцијата може да се најдат предимензионирани кошули со кратки ракави, обемни пуфери, чанти, тренерки…