Под егзотичното име Baba ganoush се крие необичен намаз од модар патлиџан и таан карактеристичен за Блискиот Исток.
Овој традиционален намаз од модар патлиџан може да се најде во Јордан, Либан, Палестина, Израел и Сирија, како и во делови од Турција, а неодамна стана еден од најпопуларните рецепти на Интернет.
Се подготвува многу едноставно и брзо бидејќи се потребни само дваесетина минути за подкотовката. Исто така, потребни ви се само неколку, а во продолжение ви го пренесуваме рецептот за Баба Гануш.
Рецепт за Баба Гануш
Состојки:
– 1 кг модар патлиџан
– 70 мл таан
– 3 чешниња лук
– 50 мл сок од лимон
– сол
– бибер
Измијте и исушете ги модрите патлиџани и ставете ги на решетка во рерна загреана на 220 степени и печете ги околу еден час. Модрите патлиџани се готови кога централниот месест дел е целосно мек. Извадете ги омекнатите модри патлиџани од рерна и оставете ги да се изладат. Кога ќе се изладат, одвојте го мекиот дел од кората и ставете го во цедилка преку сад да се исцеди. Исцедените модри патлиџани префрлете ги во електричен сечкач, додајте исецкан лук, таан, сок од лимон, зачинете со сол и бибер и сè заедно измешајте во изедначена смеса.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваСвежата краставица е одличен сојузник во негата на вашата кожа
Следна објаваНеобичен дизајн: Дали ви се допаѓаат чизмите Maison Margiela Tabi?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ