
Оваа ексклузивна колекција дизајнирана од CHANEL Makeup Creation Studio е инспирирана од сјајот на месечината и ги вклучува сите нејзини фази – сјај и сенка, златна и црвена, бронзена и килибарна боја… Очи, образи, усни и нокти во оваа колекција добиja небесен сјај, додека кожата е покриена со совршени, миризливи масла со сјајни честички.
Колекцијата се состои од две нијанси на хајлајтери ÉCLAT LUNAIRE OVERSIZE ILLUMINATING FACE POWDER со нежен бисерно бронзен сјај, палета на сенки за очи LES 4 OMBRES – OMBRES DE LUNE, која вклучува нијанса на мат кафеава, потоа бронза, сатенска розова боја и злато, односно килибарно злато.
Сјајот за усни ROUGE ALLURE LAQUE доаѓа во две нијанси на сатенски сјај – бордо и розе-кафена. Колекцијата на лакови Chanel LE VERNIS е заокружена со нови празнични бои, бидејќи негуваните нокти се апсолутно задолжителни за празниците, па доаѓаат во кафено-црвени и златно-каки бои со бисерно бакарен сјај кој оди со која било боја на лак за нокти.