Капути со леопард принт ги освоија модните писти и Инстаграм
Оваа сезона се задолжителни, а вака стилските девојки ги комбинираат …
Леопардовите палта се дефинитивно еден од најубавите трендови за есен и зима 2022/23 година, а познатите трендсетерки веќе набавија парчиња со ваков принт.
Дури и познатите убавици го вклучија ова парче во својата гардероба. Така, на пример, водителката и модел Алекса Чанг искомбинир кратко палто со животински принт со тесни фармерки и така ја „скрши“ лежерната комбинација.
Слично нешто своевремено направи и Кендал Џенер, која покажа дека овој дезен „оди“ дури и со обичен сив дуксер и дека тоа е најлесниот начин во секое време да изгледате тренди и шик.
Од друга страна, модната „ветеранка“ Кејт Мос одржа лекција за стил и комбинираше тренди капут во бохо стил кој многумина, сигурни сме, со задоволство ќе го копираат.
Не смееме да ја заборавиме Викторија Бекам која секоја година им се враќа на мантилите и капутите со својот омилен принт.
А, секако, убавата манекенка Џиџи Хадид во својот гардеробер има и прилично голем број парчиња со леопард принт, а веќе неколку пати е видена во нејзиното омилено капутче.
Рози Хантингтон-Вајтли го докажува својот статус на супермодел со впечатлив капут со леопард принт и кожни панталони затегнати со кожа.