Гумените чизми на Chane се идеални за есен, а во моментов се многу популарни.
Секоја сезона има свој шарм и свое волшебство, а после летото тоа е токму она што ни треба. Мантили, црвени листови, костени, тикви и гумени чизми се дел од карактеристиките на овој период од годината.
Иако времето е се уште стабилно, сончево и без врнежи, нема да трае вечно. Есента одамна пристигна, па наскоро не чекаат облаци и дожд. На вакво време нема подобри обувки од гумени чизми кои ни ги штитат стапалата од дождот, а оваа сезона едни посебни ни паднаа во очи.
Станува збор за гумени чизми од француската модна куќа Chanel кои секој ден стануваат се попопуларни меѓу љубителите на модата, а нас не нè чуди зошто.
Чизмите имаат минималистички дизајн, доаѓаат во црна, беж и каки бои, во кратка и повисока верзија над колена, украсени се со белото лого на Chanel на предната страна, што ги прави толку неодоливи и посакувани.
На ревијата на Шанел за есен/зима 2022/2023 година беа комбинирани со зимски чорапи и хулахопки.